Резултатите од турскиот референдум за уставните измени не се онакви на какви што се надеваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Победата беше многу потесно извојувања од сечии очекувања, а турската опозиција упорно и гласно тврди дека станува збор за измама.
Уставните реформи, со коишто Турција минува од парламентарен на претседателски систем на управување претходно минаа во парламентот, иако владејачката Партија на правото и развојот (AKP) не успеа да издејствува двотретинско мнозинство, а ги потпиша нејзиниот поранешен челник Ердоган. Со реформите ќе биде укината должноста премиер, а претседателот на државата истовремено ќе стане и шеф на извршната власт. Вкупно 18-те промени во реформи ќе му овозможат на турскиот претседател да именува и менува министри, да се кандидира уште двапати за шеф на државата и повторно да го преземе водството на партијата од којашто потекнува, што досега беше исклучени и во уставот и во статусите на партиите кои го даваа премиерот. Покрај тоа, се предвидува и зголемување на бројот на пратениците, како и реформирање на Врховниот совет на судиите и обвинителите.
Предвидено е и намалување на независноста улога на армијата во политичкиот живот на земјата, којашто во историјата доживеале неколку пучеви, а последниот неуспешен обид за воен преврат се случи на 15-ти јули минатата 2016 година, когафракција во војската се обиде да ги собори токму Ердоган и исламско конзервативната влада на Јилдирим.
Владејачката Партија на правото и развојот евидентно потфрли на референдумот на 16-ти април и дури и нејзините најдоследни приврзаници отворено се разочарани со добиените само 51,4 отсто од гласовите, што наместо јасна и недвосмислена победа открива длабоко поделена нација.„Ова претставува голем удар за AKP. Победија за влакно. Половината од земјата гласаше против, а Ердоган не може да го игнорира фактот дека ги загуби Истанбул, Анкара и Измир, трите најголеми градови во земјата“, вели Елмира Бајрасли, професорка на Њујоршкиот колеџ.
Американскиот дневен весник The Washington Post под насловот „Голема поделба“ особено истакнува дека Ердоган во повеќе од дваесетте години политичка кариерасега првпат го загубил Истанбул, мегалополисот во кој го започна подемот на својата политичка кариера како градоначалник.
Многу тесната победа уште повеќе зачудува имајќи ја предвид атмосферата во којашто се одвиваше кампањата за референдумот, Повеќето медиуми во земјата се под контрола на владејачките структури и отворено се застапуваа за прифаќање на уставните реформи, а во земјата и натаму на сила е вонредната состојба воведена по ланскиот неуспешен обид за воен преврат изведен од фракција во армијата. „Разликата во бројот на гласовите е многу изненадувачка. Во слободно опкружување, без атмосферата на страв, без медиумскиот притисок, мислам дека е очигледно оти Ердоган лесно би загубил“, вело Хауард Ејсенстат, професор по историја на њујоршкиот универзитет Сент Лоренс.Ердоган во пресрет на референдумот говореше дека преминот на претседателски избор, кој го споредуваше со американскиот и францускиот, што подразбира и зголемување на неговите овластувања, е неопходен за стабилноста и продолжувањето на растот на земјата. Меѓутоа, сега се поставува прашање како тоа ќе го оствари, кога половината земја гласала против?
„Мислам дека ваквиот резултат ќе го донесе токму спротивното, односно ќе ја зголеми поларизацијата, Цената на стабилната влада ќе биде нестабилното општество“, смета Озгур Унлугисарчикли, директор на филијалата на американската Маршалова фондација во Анкара. Според него, треба да се истакне дека Ердоган обилно ги користел државните средства во кампањата, а неговите настапи целосно беа пренесувани на државните и на комерцијалните телевизиски канали. Тврди дека на опозицијата не само што ѝ бил ускратен пристапот во медиумите, туку понекогаш локалните власти лојални на Ердоган им ги откажувале собирите во кампањата користејќи се со овластувањата што им ги овозможува вонредната состојба. „Ако луѓето не можат да одржат собири, тогаш тоа нема врска со слободни избори“, вели Инлухисарчикли.
Опозицијата не ги признава резултатите. Еден од нејзините политичари, Мерал Аксенер, отворено изјавува дека изборната комисија менувајќи ги правилата во текот на гласањето „извршила злосторство“. „Ердоган го доби тоа што го сакаше, но не онака како што посакуваше. Сакаше поголема разлика. Луѓето сега ја проблематизираат легитимноста на процесот“, вели Асли Ајдинташбаш од Европскиот совет за надворешни работи.
Истовремено, се чини, резултатот од гласањето на референдумот претставува и „студен туш“ за настојувањата на Ердоган да ги прошири антиверопските чувства во Турција, Ејсенстат се сомнева дека ќе дојде до затоплување на односите меѓу Анкара и Брисел по завршувањето на кампањата. Првите знаци за одржување на тензиите се појавија веднаш, бидејќи Ердоган по штотуку прогласената победа вети референдум за враќање на смртната казна. Таквиот потег автоматски би значело и прекинување на пристапните децениски преговори со Европската унија, од каде што стасаа критиките за измените во системот на управување со Турција. Потоа следеше најава и референдум за преговорите со ЕУ, од страна на Ердоган.
Ајдинташбаш сугерира дека Европа мора да биде претпазлива во односите со Турција, „Повеќето Турци не наседнаа на пораката дека Европа е непријател. Турската јавност не смее да биде казнета за антиевропската политика на својот челник“, додава.