![заев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/zaev-1.jpg?resize=679%2C385&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.
– Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно и припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука, напиша Заев на својот Фејсбук профил.