Спасувачките екипи седми ден со ред ги пребаруваат урнатините од солитерот во близина на Мајами каде досега се потврдени 12 мртви а уште 149 луѓе се сметаат за исчезнати и се верува дека се заробени под блоковите од зградата и оти се речиси неверојатни шансите да има преживеани.
Локалните власти, сепак, ја отворија можноста да бидат пронајдени преживеани под урнатините, откако минатиот четврток се урна станбената 12-катница со 136 станови, додека станарите спиеле.
„Како стар припадник на морнарицата, јас тоа го гледам така како што некој војник ќе исчезне, го нема сѐ додека не биде пронајден, а ние потрагата не ја запираме. Спасувачките екипи прават сѐ за да ги пронајдат преостанатите жртви“, изјави гувенерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Десантис.
Никој, меѓутоа, под разорените бетонски и метални конструкции од облакодерот не е пронајден жив уште од првите часови непосредно по минатонеделната несреќа, и се смета дека шансите за натамошни спасувања со секој час се сѐ послаби.
Иследниците сѐ уште не утврдиле која е точната причини за колапсо на речиси половина од станбениот блок „Champlain Towers South“, изградена пред 40 години, во веројатно најсмртоносното уривање на зграда во историјата на САД.
Извештајот на инженер за процена на состојба на објекти од 2018 година, подготвен за потребите на повторното безбедносно сертификување на зградата, открил недостатоци во градежната структура и на него сега се темелат испитувањата за причините за несреќата. Во април жителите на зградата добиле писмо во коешто претседателот на здржението на станарите предупредил дека бетонската конструкција во подножјето на зградата, на што укажал и инженерот, во меѓувреме дополнително „значително е оштетена“, како што се верува под влијание на солениот воздух кој предизвикува ерозија.
Државната обвинителка на округот Мајами-Дејд, Катрин Фернандез Рандл, најави дека освен кривична истрага, ќе формира и специјална комисија којашто ќе се испита безбедноста на зградата и ќе утврдат „чекорите кои треба да се преземат поради заштита на станарите“ од слични катастрофи во иднината.
Градоначалнилката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава изјави дека спасувачите во вторникот и извлекле останките на 12 жртви, а дека 149 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати. Левин Кава им наложи на локалните функционери во рок од 30 дена да ја прегледаат и испитаат структурата на сите станбени недвижнини постари од 40 години со 5 или повеќе катови. Градовите Мајами и Мајами Бич најавија слични мерки.