По силниот земјотрес во Крк, хрватски сеизмолог: Ќе има уште

Силен земјотрес е регистриран денеска во Хрватска, а локалниот сеизмолог Крешимир Кук вели дека треба да се очекуваат нови земјотреси.

Нешто пред 11:00 часот, областа Кварнер ја погоди силен земјотрес со епицентар на островот Крк. Длабочината на земјотресот била 10 километри, а Хрватската сеизмолошка служба наведува дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, додека ЕМСЦ наведува дека земјотресот бил со јачина од 5,3 степени.

Денешниот земјотрес беше почувствуван низ Кварнер и Проморско-горанската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра, Далматинска Загора. Имало и граѓани на Словенија кои пријавиле дека почувствувале земјотрес.

Регистриравме два последователни потреси во 10 часот и 53 минути и во 11 часот и 4 минути, според прелиминарните извештаи со јачина од 2,6 и 2,3 степени и најверојатно ќе забележиме повеќе“, изјави за хрватски „Дневник“ сеизмологот Крешимир Кук.

„Пошироката област Риека вообичаено е сеизмички најранливата област во Хрватска, заедно со областа Загреб и областа Бановина, и овие сеизмолошки движења не не изненадуваат, но секако не можеме да знаеме кога и дали ќе се случи земјотрес“, рече Кук.

Кук посочува дека оваа област веќе бележи значителна сеизмолошка активност во последно време.

„Неодамна забележавме силни движења во италијанската област, имавме и неколку посилни земјотреси во областа Цриквеница и во овој контекст забележуваме поизразена сеизмичка активност“, додаде Кук, кој посочува дека е реално да се очекуваат повеќе земјотреси во подолг временски период.

Фото: Принтскрин