По скандалозните вработувања – Антикорупциска отвори 18 предмети

Антикорупционерите уште веднаш се зафатија со расчистување на скандалот со непотизмот и досега отворија 18 случаи.

Ќе се разгледува документација за тоа како биле вработени роднини на функционери и пратеници во државни институции и јавниот сектор.

Меѓу нив е Бесија Џафери ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери која лани без конкурс преку Агенција за вработување беше примена во државната ЕЛЕМ.

Останатите се: Иљо Стојчевски, Виктор Стојчевски, Цветан Велевски, Надица Велкова, Хидуете Алили, Христијан Мисовски, Фанија Кoстадинова, Влора Бектешки, Лила Бекевска, Марија Јосифовска, Борче Поповски, Мери Поповска, Стојче Георгиев, Мерсиде Рамчиловиќ, Сара Александрова, Цвете Стојановска и Љубисав Несторовски.

Новите антикорупционери најавија дека тука нема да застанат туку ќе ја прошират листата на преиспитување на вработувањата и покрај во ЕЛЕМ и МЕПСО каде што има најмногу случаи на непотизам, ќе се проверуваат и УЈП, Агенцијата за електронски комуникации и во други институции каде има сомневање за роднински вработувања.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска ги прочита имињата на сите сомнителни предмети со вработувања со кои најпрво ќе се зафатат.