![izbori-glasanje-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/izbori-glasanje-1-1.jpg?resize=344%2C230&ssl=1)
Поради неусогласенот на постојниот текст на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, со текстот на Изборниот законик и Законот за судови, Министерството за правда на Единствениот национален електронски регистар на прописи, објави дека се потребни законски измени.
Во целта на предлог-законот пишува дека измените се потребни поради „надминување на постојните проблеми поради неусогласенот на законското решение со Изборниот законик и Законот за судовите“.
Јавна расправа не е предвидена. Временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31-ви јануари.
Како што образложуваат од Министерството за правда во најавената подготовка на законските измени „постојниот текст на Законот е неусогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите. Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со Изборниот законик и со Законот за судовите“.
Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.
Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.