Дури 1.086 луѓе е светскиот рекорд за најмногу луѓе кои некогаш биле пресени во еден авион, а таа бројка се зголемила на 1.088, бидејќи во текот на летот се родиле две бебиња, пишува Медиум.
Во летот кој се случкил во 1991 година, авионот „боинг 747“ кој има капацитет за максимум 500 луѓе, биле „напикани“ 1.086 Евреи, по двајца или по тројца на столче, кои биле евакуирани од Етопија, земја каде тогаш беснееше граѓанска војна и каде што државата Израел успеа во 28 авиони да извлече 14.500 Евреи и да ги вдоми.
Во време кога граѓаните на Авганистан панично се борат да ги фатат последните авиони кои ќе ги однесат надвор од хоророт кој ја зафати нивната земја со новите талибански освојувања, добро е да се потсетиме дека превозот на голем број бегалци е можен до некоја мера, со соодветна логистика.
Граѓанската војна во Етиопија е маркантен пример како Израел успеа, со посредство на тогашниот американски претседател Буш Постариот, да го убеди Менгисту Хаиле Маријам, водачот на тогашната етиопска влада, Евреите да бидат транспортирани во авиони на начин и со средства кои ќе ги обезбеди израелската национална авиокомпанија „Ел Ал“. Етиопија им дала само два дена на Израелците да ја завршат работата.
За помалку од ден ипол (36 часа), операцијата со кодно име „Соломон“ евакуираше 14.500 Евреи со 40 летови на 28 авиони од типот „боинг 747“ и „боинг 757“. Во последен момент, сепак 1.000 Евреи биле оставени во Етиопија, бидејќи протекла веста дека се пренесувани со авион и Израел морал да ја прекине операцијата.