![boks-1-888999](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/boks-1-888999.jpg?resize=696%2C563&ssl=1)
Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе ја депонира својата оставка од морални причини.
Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето во битолската болница денеска. Претходно, кон крајот на минатиот месец, на детското одделение почина шестгодишната Јана Христовска, по примена инфузија.
Претходно почина и 12-годишно момче од селото Лера.
Неофицијално, Клиничката болница Битола ќе ја преземе д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, супспецијалист пулмолог.