Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, соопштија од партијата.
„На средбата се разговараше за потенцијалот за развој на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата. Соговорниците ја истакнаа важноста за развој на македонско-американското стратешко пријателство и поддршка на процесите важни за Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објасни деталите и аспектите на Предлог-законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип. Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија“, се вели во партиското соопштение.
Претседателот Христијан Мицкоски ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско американските односи, истакнал Мицкоски.