
По студеното утро, во продолжение од денот вреемто во четвртокот во Македоноја ќе биде сончево со мала до умерена а во источните делови повремено и значителна облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура беше во интервалот од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 Целзиусови степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.