По свежото утро во неделата во Македонија во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со натпросечни температури за овој период од годината, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.
Утринските температури се во интервалот меѓу 3 и 11, додека максималните дневни же бидат од 20 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне 29 степени.