По свежото утро, преку денот сончево и потопло

Во Македонија во понеделникот утрото е посвежо, додека во текот на денот ќе проевладува сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 3 до 12, додека највисоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу 19 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и релативно топло. Температурата ќе достигне до 27 степени.