Во вторникот преку ден во Македонија ќе се задржи сончево и топло врме, но ноќите и утрата и натаму ќе бидат свежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 6.
Утранските температури се движат во интервалот меѓу 4 и 15, а максималните дневни соодветно ќе достигнат од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.