![oblacno-sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/oblacno-sonce.jpg?resize=463%2C356&ssl=1)
Во понеделникот во Македонија наутро е посвежо, додека преку денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу 5 и 14, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се искачат од 12 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 22 степени.