По тешка сообраќајка, српска водителка останала без рака? (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на болницата „Др Драгиша Мишовиќ“, во која настрадала познатата водителка на ТВ Пинк, Деа Ѓурќевиќ.

Имено, како што пренесуваат српските медиуми, водителката имала лесна сообраќајна незгода со друг автомобил, а додека излегувала од автомобилот во неа удрил автобус.

Според информациите од српските медиуми, на водителката и била ампутирана раката, откако во неа удрил автобусот.

Во несреќата учествуваа неколку автомобили, а повредени се три лица.