Според прогнозата на УХМР ќе се задржи променливо облачно со сончеви период и со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд кој ќе биде застапен во западните делови. Во понеделник се очекува врнежите да се прошират насекаде и да бидат поинтензивни а кон крајот на денот како резултат а спуштање на постуден воздух од север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 утре, -4 до 3 во сабота, од 0 до 5 во недела од -2 до 4 во понеделник, -1 до 6 во вторник и од -4 до 4 во среда. Дневните ќе бидат во интервал од 5 до 11 утре, од 7 до 13 во сабота, од 5 до 15 во недела, од 8 до 16 од понеделник, од 3 до 9 во вторник и среда.