По три илјади 3.000 денари за секое првооделенче во скопска Гази Баба

Денеска ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3.000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот на оваа скопсла општина Бобан Стефковски.

Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата.

Потребни документи:
Потврда од основно училиште
Извод од матична книга на родени
Копија од лична карта на еден од родителите
Копија од трансакциска сметка.

– Сите семејства кои имаат првоодделенче ќе добијат по 3000 денари еднократна парична помош, додава Стефковски.