
Канада во среда ќе стане втората земја во светот што ќе го легализира канабисот, а нејзиното искуство внимателно ќе се следат на Западот, смета либералниот премиер Џастин Трудо.
Од 17 октомври на Канаѓаните ќе им биде дозволено одгледување, поседување и употреба на канабис за рекреативни цели, по што ќе биде првата земја од Западот и втора во светот пет години откако тоа го направи Уругвај. Деривати на канабисот, како храната, козметиката или е-цигари со марихуана ќе бидат дозволени во Канада од 2019 година, но канадските претприемачи веќе ги почнаа подготовките за да загребат дел од колачот на пазарот кој ветува.
Од кога Трудо е на власт кон крајот на 2015 година, финансиските пазари влетаа во новиот бизнис и канадските производители на канабис веќе заработуваат милијарди. Трите најголеми компании котирани на Берзата во Торонто веќе имаат акумулирано повеќе од 30 милијарди канадски долари (19,9 милијарди евра). Легализацијата би требало да ја стимулира канадската економија и да генерира помеѓу 816 и 1,1 милијарди долари нови приходи во четвртиот квартал од тековната година. Во ова не се вбојува црниот пазар, кој според канадскиот завод за статистика, произведува една четвртина од сите испушени „џоинти“ во Канада.
Завод за статистика проценува дека 5,4 милиони Канаѓани ќе купуваат канабис во овластените продавници до крајот на 2018 година, или 15 отсто од населението.
Подготовките веќе се одвиваат во одделни региони и населени места, а локалните власти и претпријатија мора да се усогласат со новиот закон.
Сојузниците од Европа со кои разговарав сакаат да видат како ќе одат работите кај нас … пред да влезат во бизнисот. Ако работите добро одат, а очекувам тоа да биде така, верувам дека и другите земји ќе нѐ следат, изјави премиерот Труд о во мај во интервју за „Франс Прес“.
Сојузниот парламент пролетва изгласа легализација на марихуаната, која во Канада беше забранета од 1923 година, но спроведувањето на овие реформи ќе се спроведат во десет сојузни држави и три територии. Неколку од нив веќе објавија дека нема целосно да го применат новиот закон.
На пример, со новиот закон секое домаќинство може да одгледува до четири растенија канабис, но централната покраина Манитоба и источната покраина Квебек се изјаснија дека ќе забранат одгледување, иако последниот збор допрва треба да го изрече Врховниот суд.
Како и во однос за производството и дистрибуцијата на алкохолот и на тутун, покраините се оние кои одлучуваат за старосната граница. Во мнозинството границата е 19 години, но во Алберта е 18, а Квебек сака да ја подигне границата до 21 година.
Во однос на комерцијализација, некои покраини, а меѓу нив и Квебек, сакаат да имаат монопол, а други како Онтарио или Нова Шкотска одлучија таа задача да му ја препуштат на приватниот сектор.
Нееднаква ќе биде праксата за припадниците на сојузната полиција. Вработените во полицијата ќе мора да се воздржат од користење на канабис 28 дена пред работата, а такво правило ќе важи за Торонто. Во Монтреал, пак, од полициските службеници се бара да работат трезвено.
Конечно, канабисот нема да може да ужива насекаде. Во некои градови, на пример во Монтреал, конзумирањето канабис ќе биде регулирано со истите правила како и за пушењето цигари. Во некои други градови, пушењето на џоинти ќе биде дозволено само во вашиот дом.