По вчерашниот застој, денес транзитот на мигрантите е нормализиран. Вчера од 15 до 18 часот е затворена јужната граница кај кота 59, а причина за временото затворање е затоа што на границата кај Табановце имало околу 600 мигранти кои чекале да влезат во Србија и да продолжат понатаму во земјите долж западно-балканската рута.
Како што јавува МИА повикувајќи се на информации од МВР, по 18 часот вчера ситуацијата била редовна.
Според информациите од МВР, вчера и во прифатниот центар кај Гевгелија околу 650 мигранти чекале за да го продлжат патот кон Табановце.