Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури за овој период од годината
Под влијание на влажен бран, во текот на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи од два до 12 степени, а максималната од шест до 16 степени.
Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување снег и во некои пониски места.