По враќањето во Македонија околу 1.000 аџии ќе бидат под надзор 21 ден

Околу 1.000 аџии од Македонија, кои заминаа во Мека, ќе бидат 21 ден под надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби, поради опасност од ебола и МЕРС.

Сите ќе бидат прегледани и ќе добијат обврска да се јавуваат на лекар, особено ако добијат температура. Ќе се контролира и храната што тие ќе ја внесат.