Прекинот на испораките на рускиот гас во Германија и Европа преку гасоводот Северен тек 1 предизвика во понеделникот драстичен раст на цените на гасот на европскиот пазар за 35 отсто во однос на петокот.
На холандската берза на гасот TTF, најголемиот хаб во Европа кој се зема како показател за движењето на цените на гасот, во понеделникот цената на мегаватчас порасна за 72,5 евра и изнесуваше во раното попладневни тргување 281 евро, што значи дека е за 35 отсто повисока отколку на затворањето на тргувањето во петокот.
Рускиот државен концерн „Газпром“ во саботата објава дека на неодредено време ги прекинува испораките на гасот преку гасоводот Северен тек 1, а како причина го наведува дефектот со истекување на масло на единствената функционална турбина за зголемување на притисокот во гасоводот.
Според договорот, техничкиот ремонт и одржување на гасоводот треба да го спроведе германскиот концерн „Siemens“ кој засега не реагира. Но германската компанија вели дека не постојат технички причини за запирање на протокот на гасот, но „Газпром“ ја повика да се придржува до договорот.
Европската унија повторно во понеделникот ја обвини Русија, по најавата на иницијативата да се ограничат цените на рускиот гас според примерот на земјите од Г7 за руската нафта, за намалување на испораките на гасот и го карактеризираше затворањето на Северен тек 1 на неодредено време како „политичка одлука“ и „форма на водење војна“.
„Северен тек 1 не е единствениот гасовод од Русија кон Европа. Постојат дополнителни можности за испораки на гасот“, рекол неименуван извори од Европската комисија.
Меѓутоа, Количеството руски гас кој се транспортира преку Украина во Словачка преку граничната точка Велика Капусани е единствениот крак кон Европа со намалена проточност на енергенсот, поради воените дејствија.
Официјална Москва во понеделникот повторни возврати со обвиненија кон Западот дека неговите антируски санкции се главната причина за прекинот на испораките преку Северен тек 1. Истовремено, засега никој не го споменува веќе завршениот и подготвен за користење на гасоводот Северен тек 2, кој по почетокот на руската инвазија во Украина, владата на германскиот канцелар Олаф Шолц го суспендираше.
„Сведоци сме на бескрајните обиди одговорноста за она што се случува да се префрли на нас. Го отфрламе овие обвинувања и инсистираме на тоа дека вината за тоа што дојдовме до оваа ситуација лежи на Западот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Аналитичарите проценуваат дека потегот на Русија е испровоциран од минатонеделните водечки политичари во ЕУ, како германскиот канцелар, кој изразија задоволство дека нивните складишта за гас наводно се попоплнети од очекуваното по што цената на гасот кон крајот на седмицата падна откако кон средината достигна до рекордното ниво од 3.300 долари за илјада метри кубни.
Претходно во петокот 2-ри септември од „Газпром“ објави дека во текот на одржувањето на единствената гасна единица (компресорска станица) „Портоваја“ – Trent 60 на Северен тек која е функционална во моментов, откриени се истекувања на масло, за чиешто санирање биле принудени целосно да го сопрат протекувањето на гасот преку цевководот и подолго од претходно најавените три дена. Според информациите од „Siemens Energy“, компанијата не го разгледува заклучокот на „Газпром’ како техничка причина за запирање на гасоводот. Според германската компанија, целосното елиминирање на истекувањето на маслото од моторите е можно само од страна на специјализирана компанија за таков ремонт.
Претходно челникот на „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека „Siemens“ во моментов практично нема можност редовно да ги сервисира единиците на Северен тек 1, едноставно затоа што нема каде тоа да го прави.
„Западните земји веќе воведоа толку многу санкции, што и самите се заплеткаа во нив и паднаа во сопствената замка со санкции“, истакна првиот човек на „Газпром“.
„Газпром“ целосно ги прекина испораките на гасот преку Северен тек 1 од ноќта на 31-ви август до ноќта на 3-ти септември. Суспендирањето на работата на гасоводот во руската компанија го образложија за „неопходното одржување на единствената компресорска турбина која остана во функција“, чиешто сервисирање според договорот „Siemens“ мора да ги извршува на секои 1.000 работни часови. По завршувањето на работите и доколку бидат отстранети техничките недостатоци на опремата, транспортот на гасот требаше да се врати на нивото од 33 милиони кубни метри дневно.
Од 27-ми јули гасоводот работи со само 20 отсто од својот максимален капацитет, што во „Газпром’ го поврзуваат со проблемите поврзани со извршувањето на договорените обврски од страна на „Siemens“ и влијанието на западните санкции. Една од турбините, произведена во Канада од тамошната филијала „Siemens Energy“ бише испратена на ремонт во погоните крај Монтреал. Поради антируските санкции Отава првично одби да ја врати поправената опрема во Германија, но по реакцијата на Берлин се согласи сепак да ја врати. Меѓутоа, оваа една од шесте други турбини кои треба да бидат ремонтирани, сѐ уште е заглавена во Германија, бидејќи „Газпром“ не ја поседува целосната документација која го овозможува транспортот и ремонтот на опремата за Северен тек. Останатите турбини се неактивни и очекуваат сервисирање од стручњаците на „Siemens“.
Во Европската унија стравуваат дека Русија би можела да го продолжи овој период поради санкциите без преседан наметнати поради војната во Украина и сметат дека наводно рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како оружје.
Натамошните ограничувања во снабдувањето со гас во Европа, кои се надоврзуваат на ланскиот скок на цените на гасот по воведувањето на новите прописи за набавки, би ја зголемило кризата поради која големопродажните цени на гасот веќе скокнаа за 400 отсто во однос на ланскиот август. Тоа ја создава кризата на животните трошоци за потрошувачите и отежнувајќи го работењето на компаниите, како и принудувајќи ги владите да трошат милијарди евра за намалување на товарот.
„Газпром“, кој веќе го намали снабдувањето преку Северен тек 1 на 40 отсто од капацитетот во јуни и на 20 отсто во јули, запирањето на испораките ги објаснува со редовните најавени работи на одржувањето на мрежата, како и санкциите кои го спречуваат враќањето на опремата од гасоводот испратена на ремонт. Така, тридневното запирање на испораките, според руската страна, е неопходен за одржување на единствената преостаната компресорска станица, додека другите пет сѐ уште се во Канада.