Ли е обвинет дека давал донации на непрофитни организации, предводени од Чои Сун-сил, пријателка на сменетата јужнокорејска претседателка Парк Гуен-хје, во замена за владини услуги. Тој бил приведен и сослушуван подолго од 20 часа во канцеларијата на обвинителот.
Моментно Ли е потпретседател на „Самсунг Електроникс“, но се смета за лидер на компанијата откако неговиот татко во 2014 година доживеа срцев удар. Тој на сослушувањето во Парламентот призна дека им дал 17,4 милијарди долари на две фондации, без да бара никакви услуги во замена за тоа.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, судот в среда ќе го разгледа барањето за налог за апсење.