Албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, официјално побара казна од вкупно 93 години затвор за 11 лица обвинети за шверц на 485 килограми кокаин од Колумбија, преку пристаништето Бар до албанскиот град Фиер.
Предметната дрога е запленета ноември 2022 година, а од Колумбија била испорачана преку пристаништето Бар. Потоа по копнен пат била пренесенa во Албанија.
Албанската полиција акцијата ја реализира во соработка со американската ДЕА, со СПАК и црногорската полиција при што запленетата дрога, вредна над 40 милиони евра, ја откри во вреќи со вештачко ѓубре.
Исто така, запленети беа 15.000 евра, три автомски пушки и исто толку пиштоли, 108 куршуми, 18 мобилни телефони и пет возила.