Германската воздухопловна компанија „Lufthansa“ извести во четвртокот за скок на приходите и добивките во второто тримесечје годинава, благодарејќи на посилната побраувачка и на повисоките цени на билетите.
Во периодот од парил до јуни вкупниот приход на „Lufthansa“ се зголемил за 17 отсто, на 9,2 милијарди евра. Во дејностите со транспортот на патници приходот е зголемен за 34 отсто, на 7,27 милијарди евра.
На ниво на целата групација прилагодената добивка тројно е зголемена, на 1,09 милијарди евра. Нето добивката е зголемена за повеќе од трипатои, достигнувајжи 881 милиони евра. Во целата година очекуваат прилагоден добибка од минимално 2,6 милијарди евра.
Германскиот гигант во воздухопловството во пролетното тримесечје превезол 33,3 милиони патници, за 14 отсто повеќе отколку во истиот минатогодишен период. Очекуваат и дека побрарувачката ќе остане висока до крајот на годината, додавајќи дека месечните резервации заостануваат зад претпандемиското ниво во просек помалку за 10 отсто.
Прилагодената добивка би требало во периодот од јули до септември да надмине 1,3 милијарди евра од истиот период во претпандемиската 2019 година.
Поради застојот во европскиот воздухопловен сообраќај, компанијата очекува дека годинава ќе достгине околу 85 отсто од претпандемиските капацитети. Извршниот директор Карстен Шпор го зацрта обемот од 85 до 90 отсто од капацитетите.