Побарувачката на германските машинерински системи драстично паднала во август, објави во средата здружението VDMA, предупредувајќи дека не гледа знаци на подобрување поради слабоста на светската економија.
Без промените во цените, нарачките на машини паднала за 21 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, објави во средата индустриската асоцијација VDMA. Домашните порачки паднале за 13 отсто, а странските за 24 отсто, пресметале.
„За жал, сè уште не е на повидок пресврт во нарачките од Германија и од странство поради континуираното слабеење на светската економија“, рече економистот на VDMA, Олаф Вортман.
Во тримесечниот период кој завршува во август, нарачките се намалени за 16 отсто во однос на истиот период во 2022 година.
Компаниите имаат уште работат благодарение на „старите“ нарачки, па производството на машини во периодот од јануари до јули реално се зголемило за 1,7 отсто, пресметале во VDMA, додавајќи дека нивната реализација, според состојбата во јули, ќе гарантира работа на фабриките нешто помалку од една година.
Во целата година секторот очекува реален пад на производството за 2,0 отсто, пресметале во VDMA, прогнозувајќи ист процентуален пад и за следната 2024 година.