Во последниот натпревар во четвртото коло од италијанскиот фудбалски шампионат Лацио како гостин ја совлада Џенова со 3:2.
Двата гола за домашните ги постигна Пјетро Пелегри, во 57 и 73 минута, додека победата на гостите од Рим им ја донесоа Бастос со голот во 13 минута и Чиро Имобиле кој беше прецизен во 70 и 82 минута.
Во претходно одиграниот меч во неделниот вечерен термин Киево и Аталанта одиграа 1:1. Киево водеше со голот на Самуел Баштајн во 52 минута, додека Аталанта од пораз ја спаси Алехандро Гомез од пенал во 85 минута.
Лацио сега е четврти со 10 бодови, со три победи и едно реми, додека пред него со максималните 12 бодови се Јувентус, Интер и Наполи.