Победа на Леклер и во Монца

Дваесет и едногодишниот пилот од Монако, Шарл Леклер кој вози за тимот на „Ферари“ ја оствари втората победа во кариерата и втора последователне во трките од Светскито првенство во класата Формула 2, на неговиот триумф во неделата за Големата награда на Италија во Монца е првата која италијанскиот тим ја остварува на оваа патека по 2010 година.

Леклерк минатата недела победи на Големата награда на Белгија на патеката во Спа-Франкношам која беше неговиот прв триумф во кариерата, а оваа недела ги оствари желбите на бројните навивачи на „Ферари“ на патеката Монца и ширум светот. Шпанецот Фернандо Алонсо пред девет години беше последниот возач кој во црвениот болид со коњче победи на Големата награда на Италија, а потоа главно доминираа возачите на „Мерцедес“ кои победија на последните пет изданија на оваа трка.

Меѓутоа денеска, како и во Белгија“, пилотите на „Мерцедес“ на целта стасаа зад Леклер. Финецот Валтери Ботас стаса како втор, а актуелниот светски шампион Британецот Луси Хамилтон беше трет.

Хамилтон и натаму е водечки во генералниот пласман со 282 бодови, додека Ботас е втор со 221 бод. Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Нул Хонда“ и покрај осмото место во Монца остана на третото место со 184 бодови. Сега само два бода помалку има Леклер кој го мина својот тимски колега Германцецо Сенастијан Ферел кој има 169 бодови.

Петнаесеттата трка ид вкупно 21 од годинешниот шампионат во Формула 1 се вози по две седмици ќе се вози за Големата награда на Сингапур, по две седици, од 19-ти до 22-ри септември.