Победа на ПСЖ, реми на Ница

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Сен-Етјен со 3:1 во натпреварот од 26-то коло на француското првемнство во натпреварот одигран во саботата на парискиот „Парк на принцовите“.

Гостинскиот тим поведе во 16 минута со голот на Дени Буанга. Играчите на Сен-Етјен во тој период од мечот имаа уште неколку убави шанси, но Џанлуиџи Донарума ги запре сите нивни обиди.

ПСЖ израмни во 42 минута кога Лионел Меси испрати идеална топка зад грбот на гостинската одбрана, каде што натрча брзиот Килиан Мбапе и со прецизен удар го совлада Бернардони. Веќе во 47 минута Меси се ослободи од двајцата гостински бекови и уште еднаш идеално го послужи Мбапе кој го постигна својот втор гол на натпреварот. Пет минути подоцна Мбапе беше во улога на асисетнцт, а по неговото нафрлување Данило Переира од неколку метри погоди за 3:1.

Фудбалерите на Ница не успеаја да дојдат до трите бода на гостувањето кај Страбур. Дуелот во кој гостите речиси целото второ полувреме го играа без исклучениот Данте заврши без голови.

ПСЖ ја зголеми својата предност во однос на најблиските тимови на 16 бодови, колку што имаат Ница и Марсеј кој има и меч помалку. Летвртопласираниот Рен и петтиот Страбур имаат по 43 бодови. Сен-Етјен со 22 нподови е на 16-то мсесто, а четири клуба од долниот дел на табелата имаат по бод но и по меч помалку.