Во последниот натпревар од 20-то коло во шпанското првенство, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Хетафе со 2:0 на гостински терен и уште еднаш седнаа на врвот на табелата.
Мадриѓаните поведоа против своите ривали од предградието на шпанската престолнина во 14. минута, кога Хоселу погоди првпат на мечот, а истиот играч вториот пат беше прецизен во 56. минута и го постави конечниот резултат.
По 22 одиграни натпревари, Реал собра 57 бода, два повеќе од Жирона. На третото и четвртото место се Атлетико Мадрид и Барселона, кои освоија по 47 бода.
Претстојниот викенд е закажано 23-то коло во кое в недела на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се сретнат Реал и Атлетико. Барселона ден порано ќе гостува кај Алавес, додека Жирона во сабота има домашен натпревар против Реал Сосиедад.