Шкендија е на добар пат да го помине и второто квалификациско коло во Конференциската лига откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Валмиера во Летонија.
Шкендија одигра уште еден одличен европски натпревар и со предност ќе го почне реваншот во Скопје.
Тетовскиот тим почна одлично, со гол на Дориев уште во деветтата минута поведе со 1-0.
Предноста на Шкендија траеше се до финишот од првото полувреме кога во 45. минута од натпреварот Геј изедначи на 1-1.
Но, во второто полувреме Шкендија даде уште еден гол, овојпат погоди Гури во 63. минута, го врати водството на својот тим и донесе победа од 2-1.