Победа на Верстапен за Големата награда на Мајами

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, победи на трката за Големата награда на Мајами, којашто првпат се возеше на Флорида.

Во петтата трка од сезоната, Верстапен победи откако трката ја стартуваше од третата позиција. Пред него беа двата возача на Ферари, Шарл Леклер од Монаки и Шпанецот Карлос Саинц јуниор.

Вториот Холанѓанецот го мина веднаш на стартот, а водечкиот во генералниот пласман Леклер го претрка во деветтиот круг и од тогаш до крајот на трката беше постојано во водство.

Во завршницата Леклер се закани, но Верстапен ги одби сите напади и ја прослави победата. Леклер на целта стаса како трет, а зад него беше Саинц.

По минувањето на Леклер, предноста на Верстапен константно се зголемуваше сѐ до 39-от и 41-от круг, кога имаше судари на патеката,. Се судрија Гасли и Алонсо, а потоа и Норис и Гасли. Потоа на патеката излезе безбедносното возило, а тоа придонесе за голема борба за првото место во последните десет кругови.

Следната трка се вози од 20-ти до 22-ри мај, за Големата награда на Шпанија.

РЕДОСЛЕД ГН МАЈАМИ

1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул)
2.Шарл Леклер (Монако/ Ферари) +3,786
3.Карлос Саинц помладиот (Шпанија/ Ферари) +8.229
4.Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) +10.638
5. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) +18.582
6. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) +21.368
7. Валтери Ботас (Финска/ Алфа Ромео) +25.073

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1.Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 104 бодови
2. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 85
3. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул) 66
4. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 59
5.Карлос Саинц помладиот (Шпанија/ Ферари) 53
6. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 36
7. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 35