![133444026 мастерсот](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/133444026-5.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Синоќа во финалето на престижниот турнир во главниот град на Англија, Мареј, за еден час и 42 минути игра беше подобар од најголемиот конкурент за врвот, Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4.
Моменталниот биланс во 36-те меѓусебните дуели на двајцата најдобри светски тенисери се 25-11 за Ѓоковиќ.
Мареј кој за првпат триумфира на Мастерсот во Лондон, календарската година ја завршува како број 1. Тој со оваа победа освои 1.500 АТП поени и 2.391.000 долари.