Надмоќна победа на Фатах на бојкотираните избори на Западниот брег

Партијата на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, Фатах или поранешната Палестинска ослободителна организација (PLO) се наоѓа пред надмоќна победа за локалните совети во 145 градови и места во палестинската енклава Западниот брег (од реката Јордан), покажуваат прелиминарните резултати објавени во неделата.

Победата на Фатах беше сигурна и бидејќи изборите ги бојкотираше втората најголема палестинска политичка група, исламистичкото движење Хамас, као и некои други помали партии. Изборите се спроведоа само на Западниот брег, имајќи предвид дека во Појасот Газа на власт е Хамас откако во 2007 година по краток судир го истисна од оваа енклава Фатах и неговите функционери.

Фатах води во речиси сите градови на Западниот брег, вклучително и упориштата на Хамас како Хеброн и ал-Бирех, а кандидатите на Фатах или беа единствените, усогласени со независни кандидати или еден против друг на исто изборно место.

Според прелиминарните резултати, на Западниот брег гласале 53 отсто од околу 800.000 регистрирани гласачи, изјави на прес-конференција претседавачот со палестинската централна изборна комисија ана Насер во Рамалах. Тоа е истиот процент, како и на претходните избори одржани во 2012 година, коишто исто така Хамас ги бојкотираше.

Апстиненцијата била забележителна во Наблус, најголемиот град на Западниот брег, каде гласале само 20 отсто од избирачите.

Насер изјави дека и покрај бојкотот од амас, ќе настојува да го увери ова движење да ги дизволи избоите на 25 локации во Појасот Газа.