Победата на Сити во сенка на тешката повреда на Насри

Уште еден заслужен триумф од 2:0, но сега на гостувањето во Њукасл, забележа моментално најрасположениот тим во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.

Новата победа веќе на стартот од натпреварот ја најави босанскиот интернационалец, Един Џеко, а истата ја запечати репрезентативецот на Шпанија, Алваро Негредо.

Освен по погодоците, првенствената пресметка ќе биде запаметена и по тешката повреда на францускиот интернационалец, Самир Насри кој беше грубо фаулиран од својот сонардник, Јанга М’Бија, а според последните информации кои пристигнуваат од Англија, станува збор за повреда на вкрстените лигаменти во левото колено.

Нови три бода на своето конто запишаа и фудбалерите на Ливерпул кои одиграа одлично во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено со 5:3 го победија домашниот тим на Стоук.

Повторно, најзаслужен за новата победа е уругвајскиот интернационалец, Луис Суарез кој двапати се запиша во листата на стрелци.