Ниту месото, ниту зеленчукот не се чудо на природата, туку зачините, објавија германските и италијанските научници.
Рузмаринот и мајчината душица дејствуваат како природни лекови против болки. И двата зачина содржат состојки што дејствуваат како аналгетици при воспаленија и болки, меѓу кои и на тешките болки од карцином и тумор.
Дитерпеноидите ги има во голем број растенија, а голема концентрација има во рузмаринот и во мајчината душица. Дитерпеноидите ги блокираат ензимите во телото што произведуваат воспаленија, како и болката што е поврзана за нив, пишува Дејли Меил.
Затоа немојте да ги избегнувате овие зачини, тие може да ви бидат само од корист.