Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во последниот неделен натпревар од десеттото коло на англиското провенство успеаја на својот „Олд Трафорд“ да го совладаат Евертон со 2:1.
За Манчестер Јунајтед головите ги постигнаа Пол Погба во 27 и Ентони Мартиал во 49 минута, додека неизвесноста до крајот на дуелот ја врати Гјулфи Сигурдсон од пенал во 77 минута.
„Црвените ѓаволи“ со новите три бода го прескокнаа Евертон кој остана на деветтото место, со 15 бодови, и сега се место погоре на табелата со два бода повеќе.
Претходно Челзи со 4:0 славеше на гостувањето кај Барнли, а стрелци беа Мората во 22, Рос Баркли во 57, Вилијан во 64 и Рубен Лофтус-Чик во 90 минута. Чеклзи моментално се искачи на втората позиција со 24 бодови, два помалку од водечкиот Ливерпул, и бод повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити кој во понеделник гостува во Лондон кај Тотенхем. Барнли, пак, има 8 бодови на 15-то место.
По седумте првенствени последователни победи Арсенал на гости кај Кристал Палас одигра 2:2. Двоен стрелец за домашните беше Лука Миливојевиќ, и тоа двапати од пенал во 45 и 83 минута, а за гостите погодоците ги постигнаа Гранит Џака во 52 и Пјер-Емерик Обамејанг во 56 минута.
Арсенал остана на четврото место со 22 бодови, а Кристал Палас го освои осмиот бод сезонава со кој е на 14-то место на табелата.