Победи на Келн и Бохум во Бундеслигата

Во неделата беше заокружено 18-то коло од германската фудбалска Бундеслига, во кое победи впишаа Келн и Бохум.

Бохум на домашен терен со голот на Милош Пантовиќ во 65 минута го совлада Волфсбург. Бохум сега со 23 бодови скокна на 11-то место, а Волфсбург падна на 14-то со 20 бодови, два бода над зоната на испаѓање.

Келн беше уверлив со 3:1 на гостувањето во Берлин кај Херта. Гостите поведоа во 29 минута со голот на Ентони Модесте, а во 32 минута водството го удвои 32 минута. Домашните ги вратија своите надежи во 57 минута кога стрелец беше Владимир Дарида, но ги потопи во првата минута од судиското продолжене Јан Тимелман.

Келн го задржа шестото емсто со 28 бодови, а Херта остана на 21 бод и на 13-то место.