![миц](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/mic.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
-Голем дел од мерките веќе ги комуницираме во јавноста. Бевме во Велес каде дел од мерките промовиравме. Очекувам во деновите што следат тие мерки да фатат корен и да станат атрактивни за граѓаните. А, во периодот кој следи уште многу мерки од програмата што ја работи тимот во ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат на јавноста искомуницирани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање за економските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои планира да ги спроведе по формирањето на новата Влада.
Мицкоски исто така, додаде дека победничката програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе ја трансформира Македонија на подобро.
„Очекувам победничката програма на ВМРО-ДПМНЕ да биде идна програма на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со која ќе ја трансформираме кон подобро Македонија“, потенцираше тој.