Најголемата ѕвезда во фудбалската репрезентација на Бразил, Неимар победата на стартот од Светското првенство во својата земја над Хрватска го прослави со селфи на кое е и неговата сексапилна девојка Бруна Маркезине.
„Благодарен сум што си дел од овој момент. Беше совршен натпревар . Те сакам”, напиша Неимар на својот профил на социјалната мрежа Истаграм.
Пред натпреварот со Хрватска, Бруна му остави порака со поддршка и заедничка фотографија. Оваа фотографија внесе конфизија меѓу странските медиум кои мислеа дека негова понежна половина е манекенката Габриела Линци.
„Љубави денеска е многу посебен ден за тебе , денот кога почнуваш да го живееш еден од твоите најголеми соништа и среќана сум што можам да те гледам . Бог нека те чува , благослови и води . Знам дека се ќе биде подобро отколку што сонуваше . Со гордост ќе гледам како го работиш тоа што го сакаш“, напиша Бруна и ги потврди гласините дека се смирила со Неимар.