Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го доведе во прашање интегритетот на изборите, велејќи дека е непримерено да се зама дополнително време за броење на десетици милиони гласачки лившиња по пошта.
Превредеемното гласање, а особено гласањето по пошта за кое се залагаше и поттикнуваа Демократската партија и нејзиниот кандидат Џо Бајден, достигнаа рекордни високи новоа,.
Меѓутоа, експертите сметаат дека пребројувањето на гласачките ливчиња, а веќе гласале повеќе од 69 милиони Американци, би можело да трае со денови или и седмици, во зависност од државите, што значи дека можеби победникот нема да може да биде прогласен ноќта на 3-ти ноември, кога ќе се затворат избирачките места. Секоја сојузна држава има свои прописи во врска со овој начин на гласање.
„Би било исправно и многу убаво кога победникот би бил прогласен на 3-ти ноември, наместо две седмица да се бројат гласачките ливчиња, што е целосно непримерено и не верувам дека тоа е според нашите гласови. Ќе видиме што ќе се случи.“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа пред да замине на пати во државите Мичиген, Висконсин и Небраска.
Републиканскиот претседател Доналд Трамп, како и самата Републиканска партија, од поодамна е против гласањето преку пошта, затоа што според нив, освен што ќе биде потребно долго време за пребројување на голем број гласови на овој начин, што би било новина во американскиот изборен ситем, па резултатите може да се чекаат и до јануари, ваквото гласање може да доведе и до изборни измами.
Демократската партија изрази загриженост деак Трамп нема да го прифати исходот доколку загуби. Бајден рече дека од тоа најмногу се плаши.
Досега гласале повеќе од 69, 4 милиони гласачи, приближувајјќи се до половината во вкупната бројка гласови на изборите во 2016 година.
Хилари го советуваше Бајен да не признава евентуелан пораз ноќта на 3-ти ноември
Кон крајот на август поранешната демократска кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, го советуваше нејзиниот сопартиец Џо Бајден во никој случај да не го признава поразот во текот на изборанта ноќ на 3-ти ноември. Поранешната државна секретарка Клинтон во мандатот на Бајден како потпретседател на САД, смета дека објавувањето на резултатите веројатно ќе се оддолжи поради гласањето по пошта воведено поради пандемијата на коронавирусот.
Хилари Клинтон пред четири години го призна поразот, вообичаено за САД во текот на изборната ноќ, но сега тврди дека резултатот од годинешните избори поради гласањето по пошта може да бидат познати дури подоцна во ноември. Клинтон сметаше дека резултатите во изборната ноќ би можело да покажат мала предност на Трамп, а во тој случај предупреди дека „Бајден не би требало да попушти под никакви околности, бидејќи тоа ќе се развлече“.
Американската пошта уште во август предупреди некои од сојузните држави дека би требало да осигураат повеќе време за пребројување на таквите гласови. Американската пошта предупреди тогаш најмалку четири сојузни држави – Мичиген, Пенсилванија, Калифорнија и Вашингтон, дека постои „значителен ризик“ дека гласачите нема да имаат доволно време да ги исполнат своите изборни ливчиња и да ги вратат навреме според сегашните државни прописи, коишто им овозможуваат да ги побараат гласачките ливчиња само неколку дена пред изборите.
Американската пошта и претходно предупреди некои сојузни држави дека поради тоа што гласачите може да ги побараат гласачките ливчиња помалку од една седмица пред изборите, нема да има доволно време да бидат испечатени, да бидат испратени по пошта до секој поединечен гласач и тој да го врати ливчето.