Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.
Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Парпанику ја презел позицијата конзул.
Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол, пишува Телма.
Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.
А, пак, поранешниот директор на државната лотарија занејќи или незнајќи дека за него се води истрага одмана ја напуштил земјата. Овие сознанија вечева во гостување во телевизијата ТВ21 ги соопшти премирот Христијан Мицкоски.
извор: ТВ Телма