Почетокот на „Пиволенд“ поместен за сабота поради лошата временска прогноза

Големото невреме коешти деновиве вклучително и во четвртокот попладнето и вечерта ги зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и наредните деновите, ги принудија организаторите на „Пиволенд 2022″ од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата.

Новиот датум за почеток на „Пиволенд 2022″ ќе биде во сабота, на 3-ти септември, а ќе трае до 7-ми септември, објавија организаторите.

Во соопштението се наедува дека промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи на двете сцени „Main Stage” и „Craft Stage”.

Годинава „Пиволенд“ ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет”.