
Пациент на возраст од 27 години од Куманово починал на Инфективната клиника во Скопје од ковид-19, потврдило Министерството за здравство.
Момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, а пред тоа неколку дена се лекувал дома, бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница.
„Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, рекле од Министерство за здравство за порталот.