Прилепчанец на 40-годишна возраст е најмладата жртва на епидемијата на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа.
Од министерството за здравство информираат за уште двајца починати пациенти од Прилеп (51 и 55 години), меѓу вкупно 21 починат во дневниот билтен.
Покрај тројцата прилепчани, шест од починатите пациенти се од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74), четири од Битола (77, 77, 79 и 74), тројца од Штип (84, 70 и 62), еден пациент од Струга (64), еден од Гостивар (72), еден од Радовиш (70), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Берово (85).
Сите пациенти се починати во болнички услови.