Почина 60-годишна жена- ја удрил „мерцедес“ додека возела електричен тротинет

На 12.09.2024 во 15:11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп.

Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17:45 часот починала.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.