Пожар доцна синоќа избувнал во куќата на 90 годишниот З.Ш. од селото Стримница, во кој сопственикот го загубил животот.
Во полиција пожарот бил пријавен во 23:30 часот, а според нивните информации З.Ш. живеел сам во куќата.
На терен интервенирале 11 пожарникари со четири противпожарни возила, а пожарот го гаснеле до 3 часот по полноќ
-Полициски службеници од Полициското одделение Групчин излегле на местото, а интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово, која во 00.20 часот го пронашла починат З.Ш.. Пожарот бил изгаснат, а смрт констатирала лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.