Почина адвокатот Владимир Ракочевиќ

На 92 годишна возраст во Скопје почина долгогодишниот адвокат, Владимир Ракочевиќ, еден од најпознатите македонски адвокати, кој целиот живот се занимаваше со кривичното право.

Веста за смртта на Ракочевиќ на социјалните мрежи ја сподели адвокатот Јанаки Митровски, кој напиша:

„На 92 години починал колегата Владимир Ракочевиќ, со 60 години правораздавање зад себе. Слава му!“, напиша Митровски.

Еден од последните случаи на кои работеше Ракочевиќ беше случајот Кампања во која заедно со тимот адвокати успеа да издејствува ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој беше обвинет за злоупотреба на пари за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со изборната кампања за парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

Фото: Академик