Почина Акира Торијама, креаторот на стрипот „Dragon Ball“

Јапонскиот манга уметник Акира Торијама, познат по познатите наслови како „Dragon Ball“ и „Dr. Slump“, починал на 1 март од субдурален хематом на 68-годишна возраст, потврди во петокот неговиот издавач.

„Dragon Ball“, првпат објавен во стрип-магазинот Weekly Shonen Jump во 1984 година, подоцна беше адаптиран во филмови, видео игри и телевизиски емисии кои се емитуваа во повеќе од 80 земји.

Комичната серија „Dragon Ball“ го следи момчето Сон Гоку додека ги собира волшебните змејски топки за да го одбрани светот од вонземјанскиот хуманоид Сајанс.

Торијама, исто такам имаше значително влијание во индустријата за видео игри. Неговиот специфичен стил на дизајн на ликови ја краси познатата серија „Dragon Quest“, тој работеше на култната „Chrono Trigger“, а неодамна и на борбените игри „Dragon Ball FighterZ“ и „Kakarot“, како и „Jump Force“.

„Никогаш нема да го заборавиме Торијама за подарокот што ѝ го остави на оваа земја. Не можам да замислам свет без Dragon Ball”, напиша еден фан на истоимената официјална веб-страница.

„Dragon Ball“ инспирираше бројни писатели на фанфикшн, аниме верзијата е синхронизирана на многу јазици, а акционите фигури на „Dragon Ball“ сè уште се бараат во продавниците низ Јапонија, Кина и Југоисточна Азија.