Џозефинa Хана Чаплин, актерка и ќерка на познатиот комичар Чарли Чаплин, починала на 13-то јули во Париз на 74-годишна возраст, објавија во петокот американските медиуми, повикувајќи се на нејзиното семејство.
Семејството веста за смртта ја објавило во стариот француски весник Le Figaro.
Џозефина Чаплин е родена во 1949 година во Санта Моника, во американската сојузна држава Калифорнија, како едно од 11-те деца на Чарли Чаплин (1889-1977).
Таа е дете од четвртиот брак на нејзиниот татко со актерката Уна О’Нил Чаплин (1925-1991), ќерка на американскиот писател Јуџин О’Нил (1888-1953).
Џозефина е позната по нејзината улога на Меј во адаптацијата на Пазолини од 1972 година на осумте „Кентербериски приказни“ од англискиот писател од XIV Џефри Чосер, кој се смета за татко на англиската литература.
Чаплин долги години живееше во Париз.